Нов тежок удар за Вардар во сезоната во која длабоко е натежната финансиската неизвесност, играчкиот кадар е скромен поради ненавремената можност за сериозни засилувања а битката за опстанок и тоа како тешка. Црвено-црните, сега, до крајот на сезоната би можеле да останат и без капитенот Дарко Мицевски!?
Вардар запиша и тоа како голема победа во градската пресметка против Работнички, но очигледно ќе плати сериозна цена за тоа со бизарната повреда на Дарко Мицевски која се заканува да го оддалечи од терените најмалку во следните шест месеци. Според информациите на ЕКИПА, иако следи уште еден преглед за дефинитивна потврда, Мицевски има скинати лигаменти на коленото поради што го очекува пауза од најмалку шест месеци или тоа значи крај на сезоната…
„Не знаеме точно, треба да се реализираат уште едни прегледи пред дефинитивно да се знае се“ – ни изјави тренерот на Вардар, Александар Васоски.
Мицевски, како што е познато, веќе на почетокот од годината беше подложен на хируршка интервенција поради што имаше долга пауза, а сега најверојатно го чека ново отсуство од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

