Нов трансфер на повидок: Баерн Минхен и Баер Леверкузен конечно се договорија

Баерн Минхен е на прагот да осигура уште едно значајно засилување, и тоа од големиот ривал Баер Леверкузен. Станува збор за дефанзивецот Џонатан Тах кој според последните информации е многу блиску до преселба на „Алијанц Арена“ по последната понуда што Баерн ја испрати до новиот шампион на Германија.

Баварците не нудеа повеќе од 20 милиони во претходните месеци, но последната понуда изнесува загарантирани 25 милиони евра за Баер, плус пет милиони евра врзани со неколку клаузули. Челниците на Баер се принудени да ја прифатат понудата бидејќи Тах догодина ќе биде слободен играч и ќе може да си замине без никаква отштета, а самиот фудбалер веќе стави до знаење дека Баерн е единствениот клуб за кој е заинтересиран за трансфер, затворајќи ја вратат за сите други екипи кои беа во трката за негов потпис.

Како што јавува весникот „Кикер“, за реализација на трансферот Баерн најпрвин ќе мора да го продаде Матијс де Лихт. Холанѓанецот се наоѓа на листата со желби на Манчестер Јунајтед, Баерн бара 50 милиони евра, а се очекува во следните денови преговорите да се интензивираат, особено откако „црвените ѓаволи“ останаа без скапото засилување Лени Јоро во првите три месеци од новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...