Нов трансфер рекорд на повидок: Деклан Рајс ги поместува границите

Вест Хем Јунајтед одличната форма од претходната сезона ја продолжи и во новата во која излезе и на европското тло, а по одличниот настап во групната фаза во која беше осигурано првото место, ја елиминираше и Севилја за место меѓу најдобрите осум екипи.

Зад успехот на „чекичарите“ стои Деклан Рајс кој се воспостави како вистински лидер на тимот, а со тоа го привлече вниманието и на поголемите клубови. Поранешниот младинец на Челси долго беше на радарот на тимот од „Стемфорд Бриџ“, интерес покажа и Манчестер Јунајтед, но оној кој ќе сака да го доведе 23-годишникот во своите редови ќе мора да плати вистинско богатство.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми клубот од Лондон бара 150 милиони евра за својот играч кои би значеле и нов трансфер рекорд во Премиерлигата. Тој во моментот го држи Џек Грилиш кој изминатото лето премина од Астон Вила во Манчестер Сити за 100 милиони.

Доколку се реализира трансферот на Рајс тоа би бил и третиот најскап трансфер во историјата по преминувањето на Нејмар и Мбапе од Барселона, односно Монако во ПСЖ.

Се вчитува...