Вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Карабао Купот, беше трет за клубот во последните пет натпервари. Избраниците на Рубен Аморим испаднаа од Карабао Купот, и останаа без уште еден трофеј оваа сезона, откако се чини, е далеку од врвот во Премиерлигата.
На 4. декември „Црвените ѓаволи“ загубија од Арсенал 0-2, а на 7. декември беа поразени од Нотингем Форест 2-3.
Потоа врзаа две победи, на 12. декември и три дена подоцна ги победија Викторија Плзен и Манчестер Сити со по 2-1.
Тоа значи дека Рубен Аморим и не смени мнгу откако го наследи Ерик тен Хаг на клупата на англискиот гигант, а сега сите навивачи со нетрпение го очекуваат зимскиот преоден рок кога се очекуваат неколку промени во составот и конечно, Јунајтед да заигра онака како што се очекува од него.
Следниот меч за Манчестер е на гостински терен од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА