Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во Европската златна лига и тоа повторно во пет сета, овој пат на турнирот во Осиек против домашната Хрватска која беше подобра со 3-2 (33-31, 17-25, 27-29, 25-21 и 15-)
Првиот сет донесе вистински маратон во кој за нијанса подобри беа Хрватите кои успеаја да го добијат со 33-31. Нашите репрезентативци одлично одиграа во вториот сет кој го добија со 17-25. Нов маратон ни донесе третиот сет, но овој пат беше со хепи-енд за „спартанците“ кои поведоа со 1-2 (27-29). Хрватите одиграа на ниво во четвртиот сет кој го добија со 25-21 и со тоа го одведоа мечот во одлучувачкиот тај-брејк. Таму Хрватите беа посконцетрирани и стигнаа до триумф од 15-12.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 35 поени, додека кај победникот Марко Седлачек заврши со 26 поени.
Нашите одбојкари утре играат нов меч во Европската златна лига во Осиек против репрезентацијата на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА