Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во низа откако изминатата вечер на домашен терен славеа со 117-109 против Мемфис во натпревар во кој Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок.
Српскиот центар не беше поентерски предводник на својот тим, но со 26 поени, 16 скокови и 13 асистенции беше најкорисен на средбата. Бејн беше прво име кај Мемфис со 24 поени и 6 скокови.
Лука Дончиќ имаше нова извонредна вечер во дресот на ЛА Лејкеркс. Словенечкиот ас со 39 поени, осум скокови и седум асистенции го предводеше својот тим до триумф од 140-109 над Хјустон. Во спротивниот табор се истакна Вирмор со 34 поени и осум скокови.
Во останатите натпревари:
Детроит – Милвоки 119-125
Индијана – Орландо 115-129
Филаделфија – Атланта 110-124
Бостон – Шарлот 130-94
Њујорк – Кливленд 102-108
Чикаго – Вашингтон 119-89
Њу Орлеанс – Мајами 104-153
Далас – Торонто 124-102
Минесота – Бруклин 117-91
Јута – Оклахома 111-145
Феникс – Сан Антонио 117-98
Портланд – Голден Стејт 86-103
Сакраменто – ЛА Клиперс 100-101
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА