Кошаркарите на Кливлен славеа против Јута на домашен терен со 109-100 во еден од синоќешните дуели од НБА лигата.
Леброн Џејмс запиша нов „трипл-дабл“ од 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, а за Јута одлична партија пружи Донован Мичел со 26 постигнати поени.
Њујорк ја победи Оклахома во „Медисон сквер гарден“ со 111-96. Во победничкиот состав се издвои Мајкл Бисли кој броеше до 30, додека за Оклахома Расел Вестбрук постигна 25 поени.
Хјустон беше подобар од Милвоки победувајќи со 115-111, додека Мајами на Флорида славеше против ЛА Клиперс со 90-85.
ЛА Клиперс во финишот на мечот имаше шут за победа но не успеа да реализира Џамил Вилсон. Најефикасен кај Мајами беше Џош Ричардсон со 28 поени, додека Драгиќ запиша 11 поени. Кај поразените, најефикасен беше Мотрез Херел со 15 поени, а ДиАндре Џордан имаше „дабл-дабл“ од 12 поени и 20 скока.
Во останатите мечеви од вечерта, Феникс славеше на гостувањето против Минесота со 106-108, Сан Антонио во израмнет меч го победи Далас со 98-96, додека Бостон триумфираше на гостувањето против Мемфис со 93-102.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА