Ракометарите на Бутел прокнижија нови бодови откако во првиот меч од денешната суперлигашка пресметка славеа на гостувањето против Вардар јуниор со резултат 22-31. Квалитетот и искуството беше целосно на страната на гостите од Бутел, кои рутински ја одработеа задачата на патот до новиот триумф.
Уште во раната фаза од натпреварот гостинскиот состав поведе со 1-4, нешто подоцна беше и 6-11, за Вардар јуниор со нешто подобра игра во финишот од првото полувреме да ја намали негативата на 14-17. Резултатот по неколку минути игра во вториот дел гласеше 16-17, но тоа беше се што домашните ракометари успеаја да сторат бидејќи следеше фуриозна игра на Бутел до самиот крај и заслужена победа за тимот на тренерот Котевски.
Мирко Мајиќ одигра извонреден натпревар постигнувајќи 12 погодоци, а незапирлив за младите домашни ракометари беше и ветеранот Златко Мојсоски, кој реализираше осум гола. Најефикасен во таборот на Вардар јуниор беше Кукуловски со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА