Филип Миркуловски и Вецлар забележаа нова победа во Бундес-лигата, триумфирајќи на домашен терен против Балинген со убедливи 36-26. Миркуловски и соиграчите одиграа фуриозно прво полувреме во кое постигнаа дури 20 гола (20-14), по што вторите 30 минути беа само рутина за домашните ракометари да стигнат до нови бодови.
Македонскиот интернационалец, кој ја игра последната сезона во кариерата, го заврши мечот со еден погодок од исто толку обиди кон противничкиот гол.
Жарко Пешевски и Штутгарт загубија на гостувањето против Фуксе Берлин со резултат 31-25. На одмор се замина со израмнети 15-15, а потоа на сцена стапи домашниот голман Милосављев, кој во првите седум минути од второто полувреме ги откажа Пешевски и соиграчите, Берлин поведе со седум гола разлика и на крајот стигна до заслужен триумф. Македонскиот репрезентативец постигна три погодоци од пет обиди да го совлада Милосављев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА