Стефан Ристовски со Динамо Загреб освои нова титула во дресот на „модрите“, откако неговиот тим го совлада Хајдук со 1-0. Голот на одлука падна во вториот дел преку Батурина во 52. минута.
Македонскиот интернационалец не играше на овој меч, остана на клупата за резерви, пред се поради тоа што подоцна се приклучи на подготовките на тимот, а се очекува тој да биде стандарден во пренството.
Ристорвски досега со Динамо го има освоено шампионскиот пехар во Хрватска три пати, еднаш Купот, и два пати Супер-Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА