Македонската ракометна репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за ЕП 2020, циклус што „црвено-жолтите“ го почнуваат со истата желба, да го одржат континуитетот од настапи на големи натпреварувања.
Присуството на Турција и Грција во истата група ја прави Македонија фаворит за едно од првите две места, но на сите им е јасно дека таа улога мора да биде потврдена и на терен.
Кире Лазаров повика, а Раул Гонзалес најверојатно ќе го послуша капитенот, па се очекува на овие две први средби позначајна улога да имаат дел од помладите играчи, како богато искуство за искушенијата што ќе ги очекуваат овие ракометари во периодот што следи во националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА