Нов циркус на СП: Резервите наместо на клупа, мечот го гледаа од соблекувална

Клупскиот мундијал во САД се покажува како големо промашување од бројни аспекти, а во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште една неверојатна ситуација – на клупата на Борусија Дортмунд за дуелот со Мамелоди немаше ниту еден фудбалер.

Причина се огромните жештини што владееја во Синсинати, поради што во првото полувреме на клупата на Борусија се најдоа само тренерот Нико Ковач и неговите помошници.

„Нашите резерви го гледаа првото полувреме од соблекувалната за да го избегнат силното сонце на стадионот. Не сме виделе вакво нешто досега, но на таква жештина, апсолутно имаше смисла“, објави Борусија Дортмунд на своите профили на социјалните мрежи, заедно со фотографијата од соблекувалната од стартот на мечот.

Се вчитува...