Речиси секој нов билтен од натпреварувањето во кошаркарските лиги на Македонија го привлекува вниманието поради работи кои најчесто немаат врска со спортот, но овој денешниот дефинитивно го достигна врвот – откако меч бил прекинат поради тепачка меѓу тренерот, кошаркари и навивачи на една иста екипа.
Станува збор за КК Албес, тим што се натпреварува во Третата лига и службено го загуби мечот со Спарта по голем инцидент што се случил на крајот од првото полувреме. Имено, еден кошаркар на Албес промашил две слободни фрлања, по што од тренерот на клубот му било наредено да го соблече дресот и да си замине. Тој го сторил тоа, но бидејќи инцидентот се случил секунди пред крајот на полувремето, конфликтот се влошил на патот кон соблекувалните, каде што дошло до масовна тепачка.
Според информациите од официјалниот записник, целиот гостински тим на чело со тренерот на паузата ја напуштил салата, по што следел и службен пораз.
Согласно пропозициите, апсолутно заслужено изречена е и максималната казна за овој огромен инцидент, тимот на Албес е исклучен од натамошното натпреварување, а тренерот е казнет со 12 месечна суспензија од извршување на било какво функција во кошарката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА