Нов циркус во Турција: Галатасарај прими гол за 0-2, судијата го поништи и досуди пенал за нив (ВИДЕО)

На Галатасарај, кому очајно му беше потребна победа за да го задржи чекорот со Фенербахче, на крајот победи со 3-1, но фаворизираните домаќини беа шокирани во 28. минута кога Давид Самбиса погоди за 0-1. Гостите во 33. минута поведоа и со 0-2, но потоа се случи бизарна ситуација.

Имено, играта беше прекината поради интервенција на ВАР, а не само што беше поништен голот за гостите, туку во исто време екипата на Галатасарај доби пенал бидејќи на почетокот на акцијата играчот на Истанбулспор играше со рака во казнениот простор.

Домашните израмнија преку Актуркоглу, а на крајот со неговиот втор гол во 79. минута и погодокот на Мауро Икарди во 92. минута стигнаа до победа од 3-1.

 

Galatasaray [1]-1 Istanbulspor – Kerem Akturkoglu penalty 36′
byu/Meladroitdeposter insoccer

Се вчитува...