Нов циркус во Турција: Истанбулспор не доби пенал, газдата ги повлече фудбалерите, a играч го молеше на колена да не го прави тоа

Нов циркус ни доаѓа од турското фудбалско првенство односно мечот меѓу Истанбулспор и Трабзонспор како дел од 17. коло во елитниот шампионат на оваа земја.

Фудбалерите на домаќинот во 74. минута не добија пенал, по што првиот човек на клубот веднаш им нареди тие да го напуштат теренот и да не го одиграат мечот. Еден од фудбалерите на домаќините, Симон Дели на колена го молеше својот „газда“ да продолжат и натпреварот да не биде во прекин, а во целата ситуација учествуваше и нашиот Валон Етеми.

Во времето на прекинот гостите имаа водство од 1-2. Енис Барди кој е пред заминување од Трабзонспор не беше дел од тимот на овој меч.

Foul leading to Istanbulspor leaving the field for not getting a penalty followed by Simon Deli begging his president on his knees to continue the match
byu/wel0gique insoccer

Се вчитува...