Женската ракомета репрезентација на Македонија доживеа и трет убедлив триумф овојпат од Чешка (41-24) во меч од 3. коло на Европското првенство до 19 години кое се игра во Црна Гора.
Чешките репрезентативки уште од самиот старт тргнаа фуриозно и во текот на целиот меч не им дозволија на нашите ракометарки да помислат дека можат да се вратат во натпреварот. Леона Миленкоска со пет гола беше прво име во нашиот табор со пет гола, додека кај победникот Микаела Крапкова постигна 10 гола.
Со овој пораз нашите ракометарки ја завршија групната фаза на последната позиција во групата А и ќе разигруваат за пласман од 12. до 24. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

