Нов убедлив триумф на Баерн Минхен, Леверкузен го прегази Сент Паули

Баерн Минхен влезе во нова победничка низа во Бундеслигата откако во 22. коло славеше на гостувањето кај Вердер со убедливи 3-0.

До триумф баварците ги предводеше Кејн кој ја тресеше мрежата во 22. и 25. минута пред Горецка во 70. минута да го потврди триумфот.

До убедлив триумф стигна и Баер Леверкузен кој славеше со 4-0 на домашен терен против Сент Паули со головите на Кванса во 13. минута, Шик во 14. минута, Тапсоба во 52. минута и Поку во 78. минута.

Во остнатите натпревари:

Ајнтрахт – Монхенгладбах 3-0
Хофенхајм – Фрајбург 3-0
ХСВ – Унион Берлин 3-2

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...