Нов удар на трансфер пазарот, ѕвезда на Јунајтед го одби Њукасл

Њукасл важи за еден од најбогатите клубови во Англија, но тоа се уште не е доволно за да ги примами големите фудбалски ѕвезди. Овој пат Њукасл доби нов удар на трансфер пазарот, откако „страчките“ не успеаја да го ангажираат играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.

24-годишниот играч од средниот ред ја одбил понудата на тимот од „Сент Џејмс Парк“ да им се придружи како позајмен играч поради нивната позиција на табелата. Њукасл се бори за гол опстанок во ПЛ и моментално е на претпоследната, 19-та позиција, со 12 бода, два помалку од Ватфорд кој е прв над опасната зона, а тоа очигледно не одговара на амбициите на Ван де Бек.

Неговиот Манчестер Јунајтед моментално е седми на табелата со 32 бода, пет помалку и два натпревари помалку од Вест Хем Јунајтед, кој е на 4-то место кое води во Лигата на шампионите, а главна цел сезонава е да го врати учеството во елитното европско натпреварување.

Што се однесува до Дони, тој оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Се вчитува...