Нов удар: Србија без уште еден важен играч пред стартот на Евробаскет

Српскиот селектор Светислав Пешиќ се соочува со нов сериозен проблем во пресрет на Евробаскет, откако повреда на последниот окнтролен меч со Црна Гора заработи Немања Бјелица.

Новиот кошаркар на Фенербахче се пожалил на болка во пределот на мускулот без дуел со противнички играч, по што го напуштил теренот и повеќе не се вратил во игра. Неофицијално, во српскиот табор стравуваат од кинење на мускулот, што би значело и пауза од околу еден месец и неиграње на Бјелица на претстојниот европски шампионат.

За денеска се закажани детални прегледи врз крилниот центар, по што ќе биде познато дали тој ќе може да се врати навреме за настап на Евробаскет.

Само за потсетување, Србија поради најразлични повреди на овој шампионат нема да може да смета на Богдан Богдановиќ, Алекса Аврамовиќ и на Ален Смаилагиќ, додека Пешиќ со лична одлука го избриша од националниот тим долгогодишниот капитен Милош Теодосиќ.

Се вчитува...