Нов удар за Аталанта: Уште еден клучен играч поднесе барање за трансфер

Аталанта се соочи со неочекувани проблеми во текот на летово откако неколку клучни фудбалери јавно побараа да им биде дозволено да си заминат од овој италијански прволигаш.

Копмајнерс е на чекор до Јувентус, на негово место ќе пристигне Самарџиќ од Удинезе, но наместо страстите да се смират тренерот Гасперини сега има нови главоболки откако Адемола Лукман поднел барање за трансфер. Брзоногиот офанзивец беше херој во финалето од ЛЕ против Баер Леверкузен, на него Гасперини гледаше како на лидер на нападот по повредата на Скамака, но Лукман ги шокираше челниците на клубот и соиграчите откако самиот побарал да не биде вклучен во тимот за мечот од првото коло против Лече.

Неофицијално, француски ПСЖ покажал сериозен интерес да го доведе Лукман во своите редови. Фудбалерот во текот на летово одбил богати понуди од Саудиска Арабија за да остане во Бергамо, но на интересот на ПСЖ гледа како на шанса што се укажува еднаш во животот и инсистира да добие зелено светло за овој трансфер.

Аталанта сигурно ќе гледа добро да го наплати овој трансфер и се очекува да бара најмалку 50 милиони евра за Лукман, па интересно ќе биде да се види дали „светците“ ќe се согласат да платат толку пари за овој фудбалер. За потсетување, францускиот првак е принуден да се врати на пазарот и да доведе нов напаѓач на „Паркот на принцовите“ откако Гонсало Рамос заработи тешка повреда во првото коло од новата сезона и ќе паузира најмалку три месеци од терените.

Се вчитува...