Ханси Флик не може да крене глава од проблеми од стартот на сезонава, но главоболките за време на оваа репрезентативна пауза уште повеќе му се зголемија. Ламин Јамал поради лесна повреда не настапи за Шпанија на денешниот дуел со Србија, а вечерва во тимот на Полска го нема ниту Роберт Левандовски.
Полскиот селектор во кратката изјава пред мечот истакна дека „Левандовски има мала повреда“, притоа не наведувајќи повеќе детали околу состојбата на одличниот стрелец.
Каталонците со нетрпение ќе го очекуваат враќањето на Полјакот во Барселона, каде врз него веднаш ќе бидат извршени детални лекарски прегледи. Барса во првиот меч по репрезентативната пауза ќе се сретне со Севилја, по што ќе следат две супертешки средби за тимот на Флик, најпрвин со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите, а потоа и големото дерби со Реал Мадрид во рамките од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА