Нов удар за Барселона: Без Левандовски на „Ел класико“

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски најверојатно нема да настапи на престојното Ел Класико. Голгетерот се повреди играјќи за својата репрезентација, а првите прогнози велат дека ќе мора да паузира четири недели.

Левандовски заработил повреда на бутот, и поради тоа предвреме го напуштил репрезентативниот камп, по што веќе денеска ќе се врати во Барселона, каде ќе му бидат направени дополнителни прегледи.

Ова е уште една лоша вест за Барселона, после повредите на Жоан Гарсија, Феран Торес, Дани Олмо како и крилниот играч Ламин Јамал. Ако сите овие не можат да настапат за „Каталонците“ на дуелот со Реал, тогаш Барселона видно ќе биде ослабена во пресметката со ривалот.

Се вчитува...