Продолжува фрустрирачкиот период за напаѓачот на Ал-Итихад Карим Бензема. Откако пред неколку дена стави крај на сите шпекулации за негово заминување, сепак, одново се подгреа можен трансфер откако стана јасно дека тимот нема да смета на него на престојниот меч во азиската Лига на шампионите и дуелот со Навбахор во осминафиналето.
На овој меч тренерот на екипата Марсело Гаљардо може да смета на пет странци, и според „Ас“ тој се одлучил за Хегази, Канте, Фабињо, Ромарињо и Хамдалах, па така нема место за Французинот.
Според информациите, Гаљардо се решил на ваков чекор затоа што смета дека на Бензема му недостасува ритам, и дека тој ќе остане во Џеда каде ќе тренира самостојно за побрзо да се врати во форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

