Столе Димитриевски е соочен со многу деликатна ситуација во Валенсија. По заминувањето на Георги Мамардашвили во Ливерпул, македонскиот репрезентативен голман очекуваше дека ќе го заземе неговото место, но потоа следуваше нов удар.
Валенсија се одлучи да ангажира нов голман, односно да го позајми Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, и таа позајмица ќе биде на штета на Димитриевски, кој веројатно е сега принуден да ја напушти „Местаља“.
Како што објавуваат дел од шпанските медиуми, позајмицата на Агирезабала вклучува клуазула која што му гарантира стандарна минутажа на чуварот на мрежата. Тој ќе мора да брани, ако Валенсија не сака да плаќа пенали на Билбао. Клаузулата вклучува дека новиот чувар на мрежата мора да одигра одреден број на натпревари, што го става Македонецот во многу незгодна позиција.
Пред неколку дена се појави информација дека Димитриевски може да замине на позајмица во Елче во новата сезона, со цел да има поголема минутажа, со оглед дека во моментов во Валенсија е деликатна ситуацијата околу голманската позиција.
🦇 Se complica la situación de Dimitrievski
🔊 La cesión de Agirrezabala contempla penalizacioneshttps://t.co/gmuyP0k1PD
— Unión Rayo (@UnionRayo) August 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

