Нов удар за Клоп и Ливерпул: Луис Диаз поради повреда нема да биде во комбинација до крајот на годината

Тимот на Ливерпол премногу лошо ја почна новата сезона во Англија, а покрај слабата форма, „црвените“ ги бие малер и со повредите.

Лекраскиот тим денес потврди дека Јирген Клоп до пред крајот на годината ќе биде без Луис Диаз кој заработи повреда против Арсенал. Во дербито Колумбиецот беше заменет по 42 минути игра поради повреда на коленото, а се испостави дека го чека подолга пауза.

Според најавите, Диаз ќе пропушти околу 10 натпревари на Ливерпул, а ќе се врати на терените дури по крајот на Светското првенство во Катар. Колумбија не игра на собирот, па Диаз ќе има време да се врати за „празниот“ период.

 

 

Се вчитува...