Нов удар за Ливерпул: Робертсон го повреди коленото

Главоболките на Јирген Клоп околу изборот на стартните единаесетмина на Ливерпул дополнително се зголемија по повредата што ја заработи левиот бек Енди Робертсон на еден од последните тренинзи на „црвените“.

Шкотскиот репрезентативец пристигна во тренинг-базата со протеза на коленото, по што воопшто не беше вклучен во тренингот на ден пред дуелот со Ајакс. Тој дефинитивно ќе го пропушти утрешниот меч од второто коло од Лигата на Шампионите, а деталните лекарски прегледи ќе покажат за каква повреда на коленото станува збор и колку ќе изнесува неговата пауза од терените.

Во отсуство на Робертсон улогата на стартен лев бек ќе му припадне на Циципас, кој сезонава во неколку наврати влегуваше во игра на местото на Робертсон во вторите полувремиња од натпреварите.

Се вчитува...