Нов удар за Наполи – Кулибали е позитивен на коронавирус

Џенаро Гатузо не може да крене глава од проблеми со коронавирусот откако двајца членови на Наполи беа позитивни на тестирањето пред утрешниот дуел со Џенова. Ако бекот Фаузи Гулам не е значаен дел од тимот на Гатузо, тоа дефинитивно не важи за Калиду Кулибали, Сенегалецот е клучен фудбалер во одбраната на „наполитанците“, а сега ќе мора да паузира најмалку две недели од терените.

Шпанецот Фабијан Руиз го победи коронавирусот и ќе биде во комбинација за настап во Џенова, но оваа вест падна во сенка на позитивниот тест на Кулибали.

„По тестирањето извршено утрово, Калиду Кулибали е позитивен на Covid-19. Фудбалерот е асимптоматичен, но ќе мора да мине период на самоизолација во својот дом“, објави Наполи на официјалната веб-страница.

Сенегалецот ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во Купот на Италија против Аталанта, како и големото дерби на домашен терен со Јувентус закажано за наредниот викенд.

Се вчитува...