Нејмар штотуку влезе во форма, но бразилскиот ас сега повторно го очекува пауза од фудбалските терени по последната повреда што ја заработи на денешниот пријателски меч против Нигерија.
За Нејмар ова беше 101. меч во репрезентативниот дрес, но по само десет минути игра тој се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет. Јасно е дека повредата при вакви повреди изнесува најмалку дваесетина дена, но ако има добра вест за „светците“ тоа е што не станува збор за обновување на старата повреда поради која Нејмар пропушти неколку месеци.
Томас Тухел повторно ќе се најде во кошмарна ситуација бидејќи пред репрезентативната пауза се повреди и Мбапе, додека Единсон Кавани се уште не е „фит“ по повредата заработена на почетокот од септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА