Зинедин Зидан како да немаше доволно проблеми во текот на целото лето, па тренерот на Реал згора на тоа непосредно пред стартот на сезоната остана без најскапото засилување од летниот преоден рок. Еден Азар заработи незгодна повреда на бутниот мускул на десната нога, поради што белгискиот ас нема да може да настапи за Реал Мадрид на гостувањето против Селта.
Од лекарскиот тим на „кралевите“ информираат дека вообичаената пауза за ваков тип на повреди изнесува најмалку 20 дена, што значи дека Азар ќе ги пропушти сите средби од месец август, а најверојатно нема да биде „фит“ ниту за квалификациските натпревари на Белгија за ЕВРО 2020, закажани за почетокот на месец септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА