Нов удар за Вардар – два месеци без Вуко Борозан

Екипата на Вардар се соочува со нов сериозен кадровски проблем откако Вуко Борозан денеска беше опериран по хроничната повреда на коленото што веќе подолго време го мачеше црногорскиот бек. Борозан од овие причини пропушти неколку средби сезонава на „вардарци“, за по консултација со лекарите да реши со хируршки зафат да стави крај на здравствените проблеми.

„Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеци. Се гледаме брзо“ – порача Борозан.

Првичните информации говорат дека Борозан ќе паузира два месеци, што значи дека неговиот камбек на терените може да се очекува по завршувањето на СП во Германија и во Данска.

Неговото место во тимот за претстојниот меч против Брест Мешков го зазеде младиот Словенец Грегор Оцвирк.

Борозан е вториот ракометар на Вардар што се решава за операција во текот на овој месец, откако претходно ист потег повлече и бразилскиот пивот Мораеш.

Се вчитува...