По Андреас Трајковски кој триумфираше во скок во далечина, и Дарио Ивановски кој беше најбрз на трката 5000 метри, Македонија оствари уште еден успех на Европското првенство, трета дивизија во Марибор, Словенија.
Штафетата 4х100 метри оствари национален рекорд од 40:89 секунди, и за само пет стотинки не успеа да се искачи на највиското место на победничкиот пиедестал, каде триумфираше Исланд.
Штафетата беше сочинета од Трајковски, Алексовски, Петров и Стојоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

