Нов ужасен момент во Италија – Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен (ВИДЕО)

Нов ужасен момент на терените во Италија. Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин колабираше за време на натпреварот против Верона. Сето ова како продолжение на ужасот меѓу „виолетовите“ уште од 1. декември минатата година кога и Едоардо Бове колабираше на теренот за време на натпревар против Интер.

Кен најпрво беше удрен со колено во главата, но се врати на теренот откако со рана над окото, му беше укажана помош.

Сепак, набрзо потоа колабира на центарот од теренот. Очигледно, претходната повреда оставила трага на напаѓачот на „виолетовите“.

Брзата помош брзо реагираше, а Кен беше изнесен на носилки во 67. минута од средбата. На крајот Верона победи со 1-0 на дуелот.

Според последните информации од Италија, Кен се чувствува добро по укажаната лекарска помош, а дополнително ќе се знае тежината на повредата.

Се вчитува...