Макс Ферстапен, се чини, сосема очекувано ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Австралија.
Ферстапен беше најбрз во последниот круг во квалификациите со време од 1:16.732 минути, оставајќи ги зад себе пилотите на Мерцедес, Џорџ Расел (+0.236) и Луис Хамилтон (+0.372) кои утре ќе стартуваат зад него.
На четвртата позиција заврши Фернандо Алонсо во Астон Мартин, a потоа следат Карлос Саинц во Ферари, Ленс Штрол (Астон Мартин), Шарл Леклер (Ферари) и Александер Албон (Вилијамс)…
Денешните квалификации ги одбележа и излетувањето на Серхио Перез од Ред Бул кој по само пет минути излета од патеката, па утрешната трка ќе ја почне од последната позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА