Нов Зеланд ќе биде претставник на Океанија во интерконтиненталниот бараж (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Нов Зеланд славеше против Соломонски острови со 5-0 во финалниот натпревар од квалификациите на Океанија за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Стрелци на головите за Нов Зеланд беа Тујома, Вуд (на два пати), Бел и Гарбет. И покрај овој триумф Нов Зеланд не обезбеди пласман на мундијалот во Катар, бидејќи за таму ќе мора да слави и во интеконтиненталниот бараж каде што ќе треба да се сретне со четвртопласираната репрезентација во квалификациите на Северна и Средна Америка.

Противник на Нов Зеланд на натпреварот кој ќе се игра во Катар на 13. или 14. јуни ќе биде најверојатно Коста Рика.

 

 

 

Се вчитува...