Екипата на Ленс ниту одблиску не е истиот тим кој минатата сезона беше најпријатното изненадување во Франција и го освои второто место. Вечерва Ленс го претрпе и четвртиот пораз во сезоната од пет натпревари, и со само еден бод се најде на дното на табелата.
Вечерва од гостувањето во Ленс со три бода си замина Мец. Асоро уште во 37. минута донесе победа за Мец, и така продолжувајќи ја агонијата на вицепрвакот на Франција кого го очекува меч во ЛШ против Севилја на гости.
Интересно дека со еден бод покрај нив е и Лион, но со меч помалку.
Претходно Рен и Лил одигра меч без победник 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА