Нова „бламажа“ на Вардар, победи за Шкендија и Струга ТЛ за запоседнување на врвот (ВИДЕО)

Уште една бламажа доживеа Вардар на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига доживувајќи неочекувано убедлив пораз од 1-3 на домашен терен од Воска Спорт во 4. коло. На врвот осамена Шкендија по новата победа, сега над Пелистер од 2-0, а со триумф од 2-0 заврши и Струга ТЛ против АП Брера.

На натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Воска Спорт одигра одличен меч сосема заслужено добивајќи го „дербито на дното“.

По полувремето без голови, Воска Спорт од 53. минута поведе со 0-1.  Катастрофална грешка на голманот на „вардарци“ Филип Гачевски кој киксираше пред својот гол, а Ибраими сето тоа умешно го искористи за убав погодок за водство на охриѓани…

Многу брзо потоа Воска поведе и со 0-3. Најпрво по брзиот контранапад на Јахја, во 63. минута Јасмин Мециновиќ во обид да расчисти си постигна автогол, а потоа во 65. минута Јахја постигна феноменален гол со шут од 18 метри и за 0-3…

На крајот Шаркоски единствено успеа да постигне почесен погодок за „црвено-црните“ за конечни 1-3.

Шкендија триумфираше во Тетово против Пелистер со 2-0, благодарение на головите на Клисман Цаке и Крстевски во второто полувреме.

Со идентични 2-0 славеше и Струга ТЛ против АП Брера. Одличен погодок директно од слободен удар за водство од 1-0 постигна Јевтоски, за да само шест минути потоа Кехинде погоди и за 2-0.

Во второто полувреме, феноменален гол постигна Марко Ѓоргиевски за водство и од 2-0, а потоа Шкупи единствено успеа да го ублажи поразот.


ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-3
Шаркоски 86′ – Ибраими 53′, Мециновиќ 62′(п), Јахја 65′
Гостивар: БЕСА – РАБОТНИЧКИ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2-0
Цаке 62′, Крстевски 75′
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
Ефтимов 24′, Ѓоргиевски 61′ – Имери 84′
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 2-0
Јевтоски 64′, Кехинде 70′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 0-0

Се вчитува...