Арапските газди на ПСЖ се подготвени повторно да го одврзат „ќесето“ следното лето и да исплатат неверојатни 90 милиони фунти за фудбалерот на Челси, Нголо Канте.
„Светците“ ќе имаат нова мисија во наредниот преоден рок да го засилат средниот ред, со оглед дека Тијаго Мота веќе е на залезот на кариерата, а Марко Верати се уште е на радарот на Барселона. Емери го смета Канте како долгорочна замена за еден од овие двајца.
Француската ѕвезда на „сините“ има договор до 2021 година, пристигна лани за 30 милиони фунти од Лестер, народски кажано го купија за „џабе“, знаејќи дека има клучна улога во тимот на Антонио Конте.
Канте е првиот фудбалер во историјата на Премиер-лигата кој ја освоил титулата во две последователни сезони, со два различни клубови. Неговите импресивни настапи му заработија и место меѓу 30. фудбалери-кандидати за „Златна топка“ 2017.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА