Искусниот хрватски интернационалец Иван Ракитиќ се договорил со Хајдук и ќе биде нов фудбалер на хрватскиот прволигаш.
Се уште се чекаше документацијата со Ал Шабаб, а како што пишуваат медиумите од оваа земја сето тоа сега е завршено, па Ракитиќ до крајот на неделата треба и официјално да биде претставен како играч на Хајдук.
Ракитиќ не инсистирал на договор каков што би можел да го добие во други клубови и прифатил многупомала сума, а наводно поголемиот дел од гарантираниот приход ќе му биде покриен со спонзорски договор со една компанија, додека само помал дел, што е поврзани со бонуси во случај на трофеи или пласман во групата на европските купови ќе го земе од Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА