Џанлуиџи Донарума очигледно ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната. Првиот голман на италијанската репрезентација веќе подолго време е во контакт со Јувентус.
Иако италијанските медиуми пишуваа дека тоа е веќе „завршена работа“, сепак, престижниот француски весник „Л’Екип“, најавува голем пресврт.
Донарума би можел да се врати во Милан, откако се појави приказната дека инвестициски фонд од Бахреин е подготвен да ги купи „росонерите“ за милијарда евра.
Мајк Мењон брани феноменално оваа сезона. Тој целосно го надомести заминувањето на Донарума, но најпрестижниот француски весник тврди дека враќањето на Донарума на „Сан Сиро“ е повеќе од реална опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА