Американскиот кошаркар Кевин Дурант e продаден од Феникс Санс во Хјустон Рокетс, објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Дурант, двократен МВП на финалето, е продаден во замена за Џејлен Грин, Дилон Брукс, десеттиот избор на овогодинешниот драфт и пет избори од втората рунда.
Таквиот исход се случи откако Санс останаа без место во плејофот минатата сезона, и покрај тоа што го имаа еден од најскапите состави во историјата на кошарката и плаќаа висок данок на луксуз.
Феникс беше блиску до тоа да го продаде и Дурант во Мајами, но на крајот постигна конечен договор со Рокетс, кои со овој потег очигледно ја напаѓаат титулата следната сезона.
BREAKING: The Phoenix Suns are trading two-time NBA Finals MVP Kevin Durant to the Houston Rockets for Jalen Green, Dillon Brooks, the No. 10 pick in the 2025 draft and five second-round picks, sources tell ESPN. pic.twitter.com/EwrbA2ES9O
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 22, 2025
Оваа размена нема да биде официјализирана барем до 6 јули поради клаузула во новиот договор на Џејлен Грин, но целата работа може да се смета за завршена работа поради сигурноста на Чаранија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

