Нова фудбалска ’бомба’ ќе одекне во Париз. Се уште не стивна еуфоријата по доаѓањето на Бразилецот Нејмар од Барселона, а Пари Сен Жермен би можел да доведе уште едно капитално засилување. И тоа од најголемиот ривал во францускиот шампионат и актуелен првак, Монако. Според најавите, Килијан Мпабе е на прагот да направи мегатрансфер на „Паркот на принцовите“.
Мбапе, според француската телевизија „ТФ1“, ги договорил личните услови со ПСЖ и го одбрал францускиот клуб пред Реал Мадрид. Наводно, оваа одлука веќе ја соопштил и на раководството на Монако.
„Кнезовите“ на Реал Мадрид му побараа 180 милиони евра за Килијан Мбапе, па се очекува оваа сума да биде предмет на преговори и со ПСЖ. Но, францускиот гигант ова лето нема проблем со финансиите. Го покажа тоа и со Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА