Актуелниот шампион Струга ТЛ стигна до ново огромно засилување во пресрет новата сезона во која струшкиот тим ќе излезе и на интернационалната сцена со настап во квалификацитие за Лигата на Шампиони.
Станува збор за повремениот репрезентативец на Македонија, Стефан Спировски кој по седум години настап на интернационалната сцена се врати назад во мак-фудбалот.
Триесетитригодишниот битолчанец кој последниот настап во ПМФЛ го имаше во Вардар е промовиран како „последно парче од сложувалката“ за нов успех на струшкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА