Една од најголемите хотелски групации во светот, Kerzner International, годинава во мај ќе го отвори својот прв SIRO хотел во Европа, и тоа во срцето на Которскиот залив, во рамките на престижниот комплекс Porto Montenegro. SIRO Boka Place ќе претставува уникатен туристички бисер, кој ќе го збогати богатото портфолио на компанијата што ги вклучува брендовите како One&Only, Atlantis, Rare Finds и други.
SIRO Boka Place ги комбинира најновите иновации во фитнесот, рехабилитацијата и здравјето, нудејќи уникатен концепт кој ги задоволува потребите на активните индивидуи и оние кои бараат одмор, релаксација и регенерација.
Хотелот ја поседува една од најголемите и најсовремено опремените спортски сали во регионот, која се простира на импресивни 1.600 m², со модерни студија за јога и пилатес, како и со специјализирани зони за фитнес, кардио, теретана и студио за групни тренинзи. Гостите можат да се рекреираат и уживаат и во 25-метарски базен со панорамски поглед на морето кој има подвижен покрив, со што базенот е прилагоден за користење во различни временски услови.
SIRO Boka Place не е само хотел, тоа е дестинација која нуди целосно персонализирани искуства преку пет столбови: фитнес, исхрана, сон, рехабилитација и мирен ум. Собите се опремени со терморегулирани душеци за оптимален сон, а хотелот има и спа центар со најсовремени третмани, вклучувајќи криотерапија и сауна.
Ексклузивен партнер на SIRO Boka Place е фудбалскиот клуб Милан, што ја потврдува приврзаноста на хотелот кон највисоките светски стандарди. Златан Ибрахимовиќ, клупскиот советник на Милан, ја истакнува важноста на комбинацијата од тренинг, рехабилитација и квалитетен сон во хотелот, што му овозможува целосна фокусираност на неговите цели.
„Секогаш кога патувам, важно ми е да се чувствувам како дома. Хотелот SIRO совршено го има искомбинирано сето она што ми е потребно, простор за тренинзи, рехабилитација и квалитетен сон, што е пресудно за секој спортист. Кога имате такви услови, можете целосно да се фокусирате на вашата цел, без да трошите време за адаптација“, нагласува Ибрахимовиќ.
Покрај италијанскиот клуб, квалитетните и уникатните тренинг програми на SIRO Hotel ги препознаа и бројни професионалци ширум светот, па така дел од ова спортско семејство е и познатата британска боксерка Рамла Али, икона на инклузијата во спортот во светски рамки.
„SIRO ги комбинира науката, иновациите и супериорното гостопримство, а SIRO Boka Place внесува нова димензија на овој бренд. Горди сме на холистичката понуда која ја промовира дестинацијата преку активни искуства во впечатливата крајбрежна средина на Порто Монтенегро“, изјави Филип Зубер, Извршен директор на Kerzner International, кој верува дека хотелот во Црна Гора ќе ги исполни сите очекувања на гостите, како на бројните семејства кои бараат место за одмор и рехабилитација, така и на вљубениците во активен одмор.
„Таков беше случајот со нашиот хотел SIRO One Za’abeel во Дубаи, кој претставуваше важна пресвртница за Kerzner International, кога го претставивме нашиот иновативен бренд на светот. Затоа, задоволство ни е што продолжуваме да градиме квалитетни приказни и на Јадранскиот брег во еден од најубавите заливи на Медитеранот“, изјави Зубер.
Локацијата на SIRO Boka Place, во заштитениот залив, комбинацијата од море и планина, нуди широк спектар на активности за љубителите на активни одмори – пешачење низ заштитените подрачја на УНЕСКО, велосипедски тури, каноњирање низ недопрената природа, но и водени активности како веслање, едрење и рафтинг. Како дел од престижната заедница на Порто Монтенегро, гостите на SIRO Boka Place имаат можност и за користење на дополнителни спортски содржини, играње тенис, фудбал и кошарка.
Престижна е и понудата на храна и пијалоци за сите гости, на кои на располагање им се и персонализирани планови за исхрана, подготвени од нутриционисти и готвачи. Специјализираните ресторани и барови, вклучувајќи и бар на покривот со поглед на Јадранското Море, се идеални за релаксација после активниот ден.
Сето ова е и повеќе од доволно за секој гостин во SIRO Boka Place да ја почувствува хармонијата помеѓу луксузот, здравјето и авантурата на една од најубавите дестинации во Европа.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА