Жоан Лапорта продолжува со реализацијата на зацртаниот план, со долгорочни договори да ги „врзува“ клучните фудбалери во тимот на Барселона.
Араухо повлече нога со потпис на новиот договор, вчера тоа го стори и Педри, а задоволството меѓу навивачите на Барселона е уште поголемо откако денеска по нивни стапки тргна и Гави. Големиот талент на шпанскиот фудбал има само 20 години, но веќе состави успешна кариера во која освои неколку трофеи со Барселона, но и со шпанските национални селекции.
ПСЖ покажуваше сериозен интерес за Гави, но негов приоритет секогаш беше останување во Барса, што го потврди со потписот на новиот договор со важност до јуни 2030 година.
Гави е член на Барселона уште од 2015 година, кога како десетгодишно дете пристигна во прославената „Ла Масија“ од младинската школа на Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА