Натреварувачката во кревање товар, Кристина Јову, која во својата кариера се натпреваруваше за три различни земји може да добие доживотна забрана за настап откако повторно ги прекршила антидопинг правилата. Јову е една од осомничените спортистки во осумте нови случаи за нарушување на антидопинг правилата, соошти Меѓународната федерација за кревање товар.
Јову (26) досега има три допинг-прекршоци за сите три држави за кои што настапуваше – Молдавија, Азербејџан и Романија и најевројато ќе добие доживотна суспензија. Јову која родена во Романија, а моментно се натпреварува за Молдавија, обвибнета е за позитивен тест, но и за серија други прекршувања на правилата.
Јову е носителка на бронзен медал од ОИ 2012 во Лондон во категоријата до 53 кг. Освен Јову в о новата допинг афера вклучени се уште седум натпреварувачи во овој олимписки спорт, но нивните имиња не се обелоденети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА