Нова дупла круна за Црвена Звезда во Србија

Екипата на Црвена Звезда продолжува со доминацијата во српскиот фудбал. Откако го освои шампионатот на Србија, вечерва триумфираше и во финалето на Купот одигран во Лозница. Во финалето ја победи Војводина со 2-1, и така одново се закити со дуплата круна, четврта година по ред.

Својата доминација „црвено-белите“ ја крунисаа во 37. минута преку Иваниќ. Во 66. минута беше 2-0 со голот на Урош Спајиќ. Црвена Звезда постигна и два гола кои беа поништени поради офсајд.

Војводина во неколку наврати имаше доминација и шанси, но успеа да намали само во последната минута од натпреварот.

Црвена Звезда четврта година по ред ја освојува двојната круна. Тоа им успеа и и во 2021, 2022, 2023 и сега оваа година.

Се вчитува...