Нова ера во фудбалот: По 15 години без Меси и без Роналдо во полуфиналето од ЛШ

Елиминацијата на Барселона во четвртфиналето од Лигата на Шампионите стави крај и на една долга серија, во која 15 години ги гледавме Кристијано Роналдо и Лионел Меси во полуфиналните пресметки од елитното европско натпреварување.

Често се случуваше и Роналдо и Меси да бидат дел од полуфиналињата, некогаш тоа беше случај само еден од нив, но нивната елиминација сезонава (Роналдо во осминафиналето, Меси во четвртфиналето) се означува како старт на „новата ера“ во фудбалот.  Во период кога блескаат Левандовски, Мбапе, Де Бруине и други фудбалски мегаѕвезди, се чини дека е дојдено времето за крај на доминацијата на Меси и на Роналдо и кога станува збор за индивидуалните признанија.

Последен пат ниту Кристијано ниту Лео не беа дел од „Топ 4“ во Европа во 2005 година, кога во финалето Ливерпул го совлада Милан, а дел од полуфиналињата беа Челси и ПСВ Ајндховен.

 

Се вчитува...