УЕФА размислува за укинување на продолженијата во плејофот од Лигата на шампионите.
Со таа вест излезе „Гардијан“, со што би се намалил притисокот врз календарот кој и онака е пренатрупан, поради што протестираат се поголем број фудбалери.
Откажувањето би се однесувало и на Лига Европа и Конференциската лига, но Гардијан наведува дека тоа речиси сигурно нема да се случи пред 2027 година, кога важи сегашниот договор за телевизиските права.
„Гардијан“ пишува дека укинувањето на продолженијата, кои се играат двапати по 15 минути, донекаде би ги ублажила проблемите со згуснатиот распоред на крајот од сезоната. Англиските медиуми сметаат дека промената би можела да им се допадне на телевизиските куќи бидејќи нема да имаат ризик од непредвиден прекин на програмата, додека помалите клубови би имале повеќе шанси да ги победат поголемите тимови со поширок кадар од врвни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

