Никој не може да расипе ракометен спектакл како судии, доказ за тоа беше вечерашниот дуел меѓу Данска и Шведска на кој можевме да проследиме извонреден ракомет од двете селекции, но мечот ќе остане запаметен по огромниот превид на судиите Новотни и Хорачек од Чешка, кои заборавија да бројат, правејќи голема грешка при бројот на додавања во последниот напад на Данска, по што мораше да реагира и ВАР. На крајот, судиите си ја признаа грешката, но спектаклот заврши во тензична атмосфера во која Данците на крајот сепак се радуваа на триумфот.
Двете селекции игра извонреден ракомет, а Данска беше онаа што го контролираше резултатот во речиси целиот меч. Гидсел беше човекот на одлука со десет постигнати погодоци, но Шведска остана во игра до самиот финиш, промашувајќи и напад за израмнување на една минута до крајот при 28-27, кога Нилсен одлично интервенираше.
Судискиот хаос почна со последниот напад на Данска, кога најпрвин ги толерираа екс-шампионите, а потоа дозволија додавање плус од дозволените, по што Ландин Јакобсен постигна гол за „плус два“. Швеѓаните бурно реагираа, бидејќи случката беше во последниет 30 секунди можеше да се вклучи ВАР, по што чешките арбитри ја променија одлуката признавајќи ја катастрофалната грешка.
Шведска тргна во последен напад за израмнување, успеа и да даде гол од пивот на една секунда до крајот, но истиот беше поништен поради престап, не од стрелецот, туку од друг шведски ракометар, што значеше и конечен минимален триумф на Данска од 28-27, со кој Хансен, Гидсел и останатите направија џиновски чекор кон полуфиналето на овој европски шампионат.
IHF 🤝 @danmark pic.twitter.com/BGiG8YAraC
— maxbagenholm (@MBagenholm) January 19, 2024
Гидсел беше прв играч на натпреварот со десет погодоци, пет постигна Хансен, а четири Линберг. Кај Шведска најефикасни во вечерашниот пораз беа Ване со девет и Лагергрен со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА