Нова феноменална партија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс Казањ.
Димитријевиќ реализираше извонредни 32 поени за 36 минути игра во победата на Уникс од 91-90 против Зенит. Нено имаше 5 од 8 во обидите за два поени, а 4 од 7 за три поени, предводејќи го својот тим до нов триумф.
Ова е трет меч сезонава со +30 за најдобриот македонски кошаркар кој е вистински лидер на тимот на Уникс. Тимот од Казањ, по киксот на ЦСКА Москва, сега на врвот од табелата е со една победа плус во однос на тимот на Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА